MKDNews.com

ЕУ: Фејсбук, Гугл и Твитер повеќе да работат во борбата против лажни вести

ЕУ: Фејсбук, Гугл и Твитер повеќе да работат во борбата против лажни вести
јануари 30
08:50 2019

Европската унија побара од Фејсбук, Гугл и Твитер повеќе да работат во борбата против лажни вести, непосредно пред европските избори во мај.

Европската комисија денеска соопшти дека американските интернет гиганти оствариле одреден напредок, но мора да ја зајакнат борбата против дезинформирање.

Комисијата го зајакна притисокот врз технолошките гиганти пред одржувањето на изборите за Европарламентот во мај.

Еврокомесари за безбедност и дигитална сфера изјавија на прес-конференција дека се загрижени што некои алатки кои ги воведоа технолошките компании за следење на полтичките огласи се уште не се достапни во сите земји членки на ЕУ

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар