MKDNews.com

Дизелот поевтина за 3, а бензинот за 2,5 денари за литар

Дизелот поевтина за 3, а бензинот за 2,5 денари за литар
јануари 09
08:10 2019

Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените од полноќ се намалуваат во просек за 5,51 проценти.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3 ден/лит и изнесуваат 55,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  43,50 ден/литар, а на мазутот М-1 НС 25,949 ден/кг.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести