MKDNews.com

Заев, Фрчкоски и Поповски ќе отворат јавната дебата за промена на Уставот

Заев, Фрчкоски и Поповски ќе отворат јавната дебата за промена на Уставот
декември 05
16:02 2018

Владината прес-служба најави дека наредните денови ќе бидат организирани серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот.

„Почнувајќи од утре, Владата на Република Македонија организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека првата јавна дискусија ќе се одржи на 5. декември со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во Владата. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори, Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски. Дискусијата ќе ја отвори владиниот портпаролот, Миле Бошњаковски.

Втората јава дискусија ќе се одржи на 6. декември (четврток) со почеток во 12:00 часот во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев, ректорот на ФОН универзитетот, Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристевски. Дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Третата јавна дискусија ќе се одржи на 7. декември (петок) со почеток во 10:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, академик Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ. Дискусијата ќе ја отворат академците Таки Фити и Владо Камбовски.

Четвртата и петтата јавна дискусија ќе се одржат на 10. декември (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Штип и во Тетово.

Во јавната дискусија во Штип, говорници ќе бидат премиерот Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов. Дискусијата ќе ја отвори и воведе градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ), говорници ќе бидат вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, универзитетската професорка Беса Арифи и универзитетскиот професор Блерим Река. Дискусијата ќе ја отвори и воведе ректорот на УЈИЕ, професор Абдулменаф Беџети.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар