Кога имал 20 години сакал да ја обнови врската со татко му , па дури и сакал да му обезбеди ново судење.

,,Со години сакав да го извлечам , да му обезбедам ново судење. Не знам дали го заслужи тоа. Бев само син , кој сака да му помогне на татко си. Потрошив два милиона долари на адвокати.” , вели филмската ѕвезда.

Сепак , не успеал во намерата . Татко му починал во затвор од срцев удар во 2007. Вуди никогаш не се срамел од својот татко , туку отворено кажува дека тие двајца имале добри односи , па дури и дека многу особини на татко си гледа кај себе.

,, Јас сум роден на неговиот роденден. Во Јапонија веруваат дека ако си роден на роденденопт на својот татко , тогаш не само што личиш , туку си самиот тој. Секогаш ми било чудно да седам и да разговарам со него зашто толку многу си личевме. “ , вели Вуди во интервју за Гардијан.