MKDNews.com

Притвор од 30 дена за екс директорот на УБК Атанасовски

Притвор од 30 дена за екс директорот на УБК Атанасовски
декември 05
15:52 2018

Здружување заради непријателска дејност” е кривичното дело кое му се става на товар на поранешниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, кој синоќа беше уапсен и однесен на сослушување кај судија на претходна постапка.

 На Атанасовски му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, а му се заканува казна затвор од најмалку четири години.

Неговото апсење доаѓа еден ден по сведочењата на обвинетите во судскиот процес за 27ми април, Стефан и Михаил Младеновски и Захарие Симовски, кои го посочија како главен организатор  на упадот во Собранието и нарачател на насилства и кривични дела врз членови и симпатизери на тогашната опозиција. По нивните искази Обвинителството отвори истрага.

Обвинителката Вилма Рускоска по синоќешниот распит рече дека обвинителството побарало притвор за Атанасовски заради опасност од бегство, влијание на сведоци или уништување на трагите од кривичното дело и можно повторување на кривичното дело.

“Тој навистина не е повеќе директор во УБК, но како поранешен директор тој сепак има големо влијание како од вработените, но и меѓу луѓето. Знаеме дкеа секојдневно се организираат мирни пратести пред Собранието , мирни како на “За заедничка Македонија “, но сепак кои протести ескалираа во едно крваво насилство, тоа се причините поради кои обвинителсвото побара определување мерка привор по основ на сите три точки од ЗКП, ” вели Вилма Рускоска – Обвинител

Рускоска истакна дека обвинителството има намера да ја прошири истрагата, но не прецизираше во која насока и кон кои лица со оглед на тоа дека има законски рок од шест месеци да се поднесе обвинителен акт. Таа изјави дека новите детали прв пат ги чула на самото рочиште.

“Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети вчера што даваа исказ и тие имале директни контакти со него. Синиша Алексовски вчера и сами сте свесни дека беше споменат како некој разговарал со некого па ја пренел информацијата. Така да не можеме да ги ставиме на исто рамниште едниот и другите. Сега за сега нема други докази,”истакна Вилма Рускоска – Обвинител.

Адвокатот на Алексовски, Јордан Апостолски изјави дека беспредметно е барањето за притвор на обвинителството.

“Господинот Влатко Атанасовски , веќе година дена не е директор на ДБК и доколку презел некои дејствија во овие година ипол дена , тој би ги презел, би се дал во бегство, би влијаел на сведоци, а тоа не го направил, така да беспредметно е барањето на обвинителството. Сметаме дека обвинителството прави огромна грешка приклонувајќи им верба на луѓе кои се соочуваат со доживотен затвор и би кажале се за да го избегнат тоа,” Јордан Апостолски – Адвокат на Владимир Атанасовски.

Владимир Атанасовски беше поставен за директор на УБК во септември 2016 година по оставка на тогашниот директор Сашо Мијалков и ја извршуваше таа функција до јуни 2017 година кога и почна истрагата за „крвавиот четврток“ која сепак не го опфати.

Рочиштето за 27ми април продолжува во четврток, кога своја одбраната треба да даде обвинетиот Александар Василевски – Нинџа. Покрај неговиот исказ ќе се сослушаат тројца сведоци кои ги предложи неговата одбрана. Меѓу нив е и братот на Нинџа , Благоја Василевски кој беше телохранител на екс премиерот Никола Груевски и на 27ми април беше со него во Виена.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар