MKDNews.com

Перо Антиќ нов член на Работнички?!

Перо Антиќ нов член на Работнички?!
декември 28
07:18 2018

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ одлучил да ја прекине пензијата и да и се врати на кошарката како нов член на нашиот шампион Работнички.

Антиќ на крајот на минатата сезона  која ја мина во редовите на српскиот шампион Црвена Звезда и стави крај на богатата и трофејна кариера. Но, сега по само шестмесечно отсуство од кошаркарскиот терен , Перо се враќа на паркетот.

Тројниот европски кошаркарски шампион  како што пренесуваат дел од медиумите во продолжението на сезоната ќе го облече дресот на Работнички, а не  на клубот во кој е акционер Гостивар, како што долго се шпекулираше.

Македонскиот шампион Работнички има проблем со ФИБА која го казни со забрана за ангажирање на нови играчи поради пријавата од српскиот центар Дарко Чохадеровиќ кој од Работнички побарува 40 000 евра. Поради оваа казна клубот од Градски парк  може да ангажира само домашни кошаркари.

Антиќ кој сигурно е еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, би преставувал огромно засилување за Работнички во трката по новата круна во  нашата кошарка.

Перо кој воедно е и првиот Македонец во НБА лигата по разделбата од Звезда на крајот на минатата сезона е без ангажман иако се поврзуваше со неколку силни европски клубови.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести