MKDNews.com

Грција најавува протестна нота – не и се допаѓа реториката во Македонија

Грција најавува протестна нота – не и се допаѓа реториката во Македонија
декември 04
19:11 2018

Грција нема да прифати своеволно толкување на договорот од Преспа, изјави шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос на неговата средба со словенечкиот колега Борут Пахор, коментирајќи ги како што рече неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија, без притоа да посочи на што мисли.

,,Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тек бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, чистата сметка, прави добри пријатели‘‘, изјави Павлопулос.

Тоа што Павлопулос не сакаше да го впери прстот директно, го направија лидерот на опозицијата Мицотакис и министерот за одбрана Каменос.

,,Изјавата на Заев за учење македонски јазик во Грција е неприфатлива. Но, тоа требаше да се очекува од содржината на договорот. Тие јасно го потврдуваат тоа што Нова Демократија го вели од првиот момент дека признавањето на таканаречениот македонски јазик и етнички идентитет ја отвора ,,Пандорината кутија‘‘ за сите непризнати скандалозни тврдења на Скопје‘‘, изјави Мицотакис.

Мицотакис повторно побара да не се ратификува договорот од Преспа, на што му се придружи и министерот Каменос, кој оцени дека изразувањето на такви неодговорни аспирации, потврдуваат дека нема место за договор.

Премиерот Заев во саботата од собраниската говорница образложи дека со договорот ќе им се помогне и на Македонците во соседните земји.

Инаку, според медиумите, грчкото МНР подготвува протестна нота до Македонија. Заменик шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос забелешките на официјална Атина ќе му ги пренесе на министерот Димитров на утрешната средба во Брисел.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар