MKDNews.com

Ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“ сакала да се откаже од актерството

Ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“  сакала да се откаже од актерството
декември 25
08:03 2018

Ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, „Гордост и предрасуда“ и „Всушност љубов“ сакала да се откаже од актерството бидејќи и било тешко да се носи со притисокот на славата.

И не само тоа, туку и бил дијагностициран и посттрауматски синдром после кој доживеала и нервен напад.

Актерката Кира Најтли (33) открила дека во текот на своите дваесетти години се борела со тој синдром и оти имала и нервен напад.

На само 17 години се појави во јавноста, а веќе како млада актерка беше номинирана за Оскра за филмот „Гордост и предрасуда“. Веќе на 23 години беше прогласена за една од најбогатите жени во шоу бизнисот. Тоа имаше цена по нејзиното здравје, бидејќи доживеала напад само година дена после “многу интензивен и осамен период“, пренесува британскиот таблоид „Метро“.

„Размислував за многу работи, посебно после нервниот напад“ – открила Кира Најтли за „Холивуд репортер“.

Таа открила и дека и сметале критиките на сметка на нејзиниот речиси анорексичен изглед и оти во тие моменти се чувствувала буквално безвредно.

„Доживеав нервен напад на 22 години, па решив да се одморам неколку години од се. Тогаш ми беше дијагностициран посттрауматско стресно нарушување.
Кира имала проблем и да излезе од својот дом, па така во еден период цели три месеци не излегувала надвор. Поради тоа одела на хипнотерапија.

Сега е омажена за клавијатуристот на бендот Кларксонс, Џејмс Рајтон, со кој ја имаат ќерката Еди.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар