Фотографијата на Боинг 777 прекриен со дијаманти , предизвика голема расправа на Твитер. Некои веднаш знаеја дека не може да биде вистинска , додека други ја коментираа убавината на таквиот авион.


Авиокомпанијата Емирејтс , предупреди дека станува збор за уметничко дело со коментар ,,Дубаи во една слика”.

Некои коментираа ,, Не му ја покажувајте фотографијата на Трамп , ќе сака да го замени претседателскиот авион”.

Станува збор за уметничко дело на Сара Шакил , која има над 560 илјади следбеници на Инстаграм , а фотографиите ги украсува со кристали.