MKDNews.com

Арсовски: Заев и Спасовски веднаш да се повлечат од функциите за скандалот со нелегалното прислушување

Арсовски: Заев и Спасовски веднаш да се повлечат од функциите за скандалот со нелегалното прислушување
декември 05
16:11 2018

Оливер Спасовски и Зоран Заев се уште молчат и не си поднесуваат оставка за скандалот со нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Цели 2 години, од 30-ти септември 2016 па навака до сега, биле прислушувани обвинителите од обвинителството и нивните соработници, а сеуште после 6 дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак одговорност и оставки. Заев и Оливер веднаш треба да си поднесат оставки. Заев и Оливер се двајцата најодговорни за ова што се случува изминатите 2 години и Заев и Оливер кога тогаш ќе ја сносат одговорност за сите работи што се случуваат. Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси? Ова се прашањата кои треба Заев и Оливер да ги одговора и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави, вели Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека граѓаните немаат повеќе доверба во институциите кои што ги води СДСМ.

-Веднаш, ама уште веднаш, треба да се повлечат од функциите и Заев и Оливер и сите вмешани затоа што не можат да решаваат ваков случај со прислушување за кој тие самите директно се одговорни. Затоа, уште еднаш ги повикуваме, сите револтирани од оваа криминална Влада на СДСМ по сите основи по општеството, денеска во 17 часот на Плоштад ВМРО сите заедно да се упатиме до пред Владата и да го искажеме нашиот револт против оваа криминогена власт на СДСМ. Оваа Влада мора да падне и тоа мора да падне веднаш!       Што побрзо си дадат оставки, толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред, порачува Арсовски.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар