MKDNews.com

Apple повеќе не смее да продава iPhone во Кина

Apple повеќе не смее да продава iPhone во Кина
декември 13
08:01 2018

Apple повеќе во Кина не смее да продава iPhone 6 до X, одлучи кинескиот суд за интелектуална сопственост. Имено, американскиот производител на чипови Qualcomm подигна тужба против Apple поради кршење на патент и побара прекин на продажбата на сите уреди во кои се користат тие патенти.

Според судските документи, Apple користи два нестандардни патенти – едниот е поврзан со уредување фотографии, а вториот е поврзан со потезите со прст по екраните осетливи на допир. Иако од судската одлука не е јасно кога стапува на сила, Apple веќе ја стопирапе продажбата на моделите 6s, 6s Plus и X, додека останатите модели уште се достапни на официјалната страница на Apple во Кина.

Интересно е дека забраната не се однесува на најновите модели XS, XS Max и XR и тоа поради една едноставна причина – тие модели не беа на пазарот во Кина кога е подигната тужбата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар