MKDNews.com

Андов останува на ставот дека Фрчковски бил одговорен за атентатот врз Киро Глигоров

Андов останува на ставот дека Фрчковски бил одговорен за атентатот врз Киро Глигоров
декември 07
08:52 2018

Поранешниот претседател на собранието на република Македонија Стојан  рече дека стои зад се што напишал во неговата книга која ја брануваше јавноста особено по тврдењето дека организатори на атентатот на Киро Глигоров се поранешните  функционери Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски.

Тој прво одби да каже што напишал во книгата, а потоа за колумната на Фрчковски за порталот Либертас во која тој му одговара за обвинувањата, Андов рече дека не чита колумни на Фрчковски , а ги отфрли и обвинувањата на Мане Јаковлевски  кој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ на дека токму тој е еден од виновниците за атентатот на Киро Глигоров

Откако му  прочитавме дел од колумната напишана од Фрчковски, Андов се премисли па рече дека Фрчковски како министер за внатрешни е одговорен што не е расветлено убиството.

Инаку Фрчковски во негов стил деновиве му одговори на Андов

„Во време на атентатот на Киро, за тој трауматичен момент за нацијата и сите нас, посебно оние кои беа блиски до него – Стојан беше скандалозна невкусна, драма. Него само го памтиме како влетувач во кабинетот и фотелјата на Киро, следниот саат после атентатот кога сите бевме во шок и растрчани по болници и како разговара со Милошевиќ, а овој му нудел помош околу атентатот. Целата конструкција и злоупотреба со оваа траума за нацијата Стојан ја насочува на лични освети и импутирања сомнеж и конспирации. Во таа смисла, тоа е монструозен безобѕирен гест, независно каква амбиција стои зад тоа“, напиша Фрчковски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар