MKDNews.com

49 степени во Австралија

49 степени во Австралија
декември 28
07:52 2018

По божикните празници, Австралија ја погоди топлински бран, со температури до 49 Целзиусови степени.

Во западниот дел на Австралија се прогнозираат температури над 47 степени, а прогласена е и опасност од пожари.

Истовремено, жешкото време е прогласено за штетно по здравјето и издадени се бројни предупредувања за квалитетот на воздухот, објави „Гардијан“.

Се очекува екстремните горештини да се задржат до Нова Година.

Националната канцеларија за метеорологија извести дека во Марбл Бар измерени се 49,1 степени, што е највисока температура во тоа место од 1895 година, од кога се води евиденција за температурите. Воедно, тоа е само 1,6 степени помалку од највисоката температура регистрирана во Австралија, каде во 1960 година во Однанта без измерени 50,7 степени.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар