MKDNews.com

Словенија до година ќе лансира два сателита во вселената

Словенија до година ќе лансира два сателита во вселената
ноември 14
07:21 2018

Словенечката влада објави дека ги одобрила почетните средства за лансирање на два сателита проектирани во Словенија , кои би биле испратени во вселената првата половина следната година со ракетата Вега.

Станува збор за микросателитот Nemo HD , кој го развија словенските инженери , за што 85 проценти од средставата ги обезбеди ЕУ , а 15 проценти од буџетот на Словенија.

Сателитот со тежина од 65 килограми ,  ќе ја снима Земјата на височина од 600 километри , ќе биде дополнување на европскиот сателитски систем ,,Коперникус” , а ќе обезбедува податоци за потребите на урбанизам , екологија , земјоделство , шумарство и транспорт.

Владата на Словенија за финансирање и лансирање на сателитот обезбеди 830 000 евра , а од почеток на проектот до неговото упатување во вселената трошоците ќе изнесуваат вкупно 2,3 милиони евра.

Проектот се реализира како дел од Европската вселенеска агенција.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар