MKDNews.com

Се укинува додатокот за трето дете: Власта со оваа мерка сака да „заштеди“ 15 илјади евра од секоја родилка

Се укинува додатокот за трето дете: Власта со оваа мерка сака да „заштеди“ 15 илјади евра од секоја родилка
ноември 08
20:12 2018

Измените во Законот за заштита на децата предвидуваат укинување на додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законот веќе е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Следува негово разгледување на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието.

Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години.

Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата сака да „заштеди“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар