MKDNews.com

СДСМ: Прогресивниот данок ја намалува сиромаштијата и го намалува јазот меѓу граѓаните

СДСМ: Прогресивниот данок ја намалува сиромаштијата и го намалува јазот меѓу граѓаните
ноември 08
20:26 2018

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема допир со реалноста, прогресивниот данок ја намалува сиромаштијата и го намалува јазот меѓу граѓаните.

Конфузното антизападнато раководство на ВМРО ДПМНЕ  покажува дека нема никаков допир со реалноста и фактичката состојба.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека прогресивниот данок се однесува на само 1 отсто од граѓаните со највисоки доходи, останатите граѓани остануваат на досегашната стапка на оданочување.

Со таквиот прогрсивен данок ќе се обезбеди фер и праведно оданочување на граѓаните, а ќе се намали економскиот јаз меѓу граѓаните што токму ВМРО-ДПМНЕ го продлабочи со 11 годишното криминално и расипничко владеење, кога илјадници граѓани беа на раб на егзистенција.

Со воведувањето на даночната реформа се обезбедуваат дополнителни 25 милиони евра во Буџетот со кои ќе се финансираат мерки за тррајно извлекување од сиромаштија на најранливите категории граѓани.

Истовремено, социјалната помош се зголемува за 300 отсто , а се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Со воведувањето на пензиско социјалните реформи конечно добаваме стабилен пензиски фонд и ставање под контрола на буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% отсто токму поради криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на праведно и фер  оданочување , како и подобрување на економскиот статус на најранливата група на граѓани.

Даночната реформа и пензиско социјалната реформа обезбедуваат еднакво општество за сите граѓани, колку и да е тоа неприфтливо за антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

 

Арсовски: Владата предводена од Заев ја турка државата во дополнителна даночна евазија од која на крајот најголема загуба ќе имаат државата и граѓаните

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар