MKDNews.com

СДСМ: Мицкоски може да се подготвува само за пораз на избори

СДСМ: Мицкоски може да се подготвува само за пораз на избори
ноември 12
06:58 2018

Пионот Мицкоски, продолжената рака на Груевски може да се подготвува само за пораз на какви било избори, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски .

Единствената политика на антизападниот Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на неговиот ментор и ностиел на криминалот Никола Груевски.

Се што прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на амнестија на Груевски и блокирање на иднината на земјата во ЕУ и НАТО.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква програма, немаат соодветна политичка понуда што носи добро за граѓаните и за државата.

Враќање назад во темното минато, изолацијата и одбрана на криминал што ги нуди Мицкоски не се избор на граѓаните.Затоа пионот Мицкоски е поразен од граѓаните, поразен е од пратениците во Собранието.

Изолираниот Мицкоски не е сериозен фактор ниту на политичката сцена во Македонија ниту кај демократскиот свет.Мицкоски како продолжена рака на Груевски може да се подготвува само за уште еден пораз. На какви било избори., се наведува во реакцијата на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар