MKDNews.com

Роберт Де Ниро се разведува по 20 години брак

Роберт Де Ниро се разведува по 20 години брак
ноември 21
23:04 2018

Роберт де Ниро одлучил да се разведе со сопругата Грејс по 20-години брак. Двајцата живееле разделени веќе некое време. Информациите за разделбата ги соопштија повеќе американски медиуми. Портпаролот на актерот не сакаше да ги коментира случувањата.

Де Ниро и Грејс се венчаа во 1997 година и имаат 2 деца – Елиот и Хелен. Ова е втор брак на актерот, кој има и вонбрачни деца од врската со моделот Туки Смит – Џулијан, Хенри и Арон Кендрик.

“Понекогаш работите не одат како што луѓето се надеваат”, коментираат извори блиски до семејството на холивудската ѕвезда, потсетуваат агенциите.

Де Ниро е добитник на две награди “Оскар” и е меѓу најпочитуваните актери во Холивуд.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар