MKDNews.com

Протест пред Кривичниот суд во Скопје, граѓаните порачаа: „Правда за Груевски“

Протест пред Кривичниот суд во Скопје, граѓаните порачаа: „Правда за Груевски“
ноември 08
08:38 2018

Голем број граѓани се собраа вечерва пред Кривичниот суд на протестот за поддршка на експремиерот Никола Груевски.

Со пароли „Стоп за политичкиот прогон“ и „Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба“, насобраните граѓани изразија поддршка за Груевски.

Исто така тие побараа и од Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да го прекине прогонот врз експремиерот.

„Самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ, почитувачи на ликот на Никола Груевски пред зградата на судот дојдовме да упатиме неколку пораки. Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сеуште во Владата и секојдневно се користи. СЈО има една цел, а тоа е уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не можат да служат во судска постапка.

Ги охрабруваме судиите да работат согласно на законите. Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар кој има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски, бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата, изјави Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ кој ги презентираше барањата на демонстрантите.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар