MKDNews.com

Почина лицето кое беше погодено во пукањето во Диво Насеље

Почина лицето кое  беше погодено во пукањето во Диво Насеље
ноември 01
08:11 2018

Лицето кое што вечерва беше погодено од огнено оружје во пукањето во Куманово, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Оваа вест ја потврдија и од болницата, јавува ТВ 21.

До пукањето дошло после расправијата меѓу две семејства во кумановско Диво Насеље. Ранетото лице поради тежината на повредите беше донесено во Скопје, но ја загуби битката за животот.

Од тепачката неколку лица од двете семејства се полесно повредени.

Според информациите кои ги објави Алсат, престрелката се случила меѓу две семејства.

-Лицето Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди. Едно од лицата е тешко рането по што е пренесено во Ургентиот центар во Клиничкиот центар во Скопје, јавува Алсат.

Едно лице повредено во пукотница во Диво Насеље (видео)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар