MKDNews.com

Мицотакис: Уставните амандмани се уште полоши од самиот Договор од Преспа

Мицотакис: Уставните амандмани се уште полоши од самиот Договор од Преспа
ноември 06
20:08 2018

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, говорот пред неговата пратеничка група на денешниот состанок, го почна со прашањето за името и Договорот од Преспа, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека уставните измени кај нас се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да гласа за ратификација на решението меѓу двете земји.

-Во скопското прашање, Договорот од Преспа континуирано го зголемува бројот на веќе завршените негативни факти, како што се чини од процесот на ревизија во соседната земја. Оние работи што се носат за ревизија во новиот Устав на Скопје се уште полоши од самиот Договор од Преспа. Односно да го кажам ова поедноставно: со нејзините одлуки, владата му дозволи на Скопје веќе да се подбива со Грција, рече Мицотакис пред пратениците од Нова демократија.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија уште еднаш порача дека тие нема да гласаат за Договорот од Преспа и истакна дека Ципрас “се обврзал ратификацијата во Парламентот да биде пред изборите, стремејќи се кон некоја трампа”.

-Уште еднаш ќе кажам, Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа, ниту сега, ниту по изборите. А единствен начин, со сигурност, да не се ратификува овој договор е да се одржат национални избори пред да дојде во Парламентот. Но, очигледно е дека господинот Ципрас се обврзал скопското прашање да го помине во Парламентот, пред земјата да оди на избори и дека се стреми кон некаков вид на трампи. Едно е сигурно, не станува збор за трампи што ќе бидат во корист на земјата, туку за некои привремени политички бенефиции за кои господинот Ципрас има илузија дека ќе му служат нему и на неговата партија, рече претседателот на Нова демократија.

Мицотакис, во продолжение ја спомена и оставката на Коѕијас и уште еднаш праша зошто Ципрас не го објавува писмото од поранешниот министер за надворешни работи на Грција, како и записниците од владината седница која беше пресудна Коѕијас да ја напушти владата. Лидерот на Нова демократија додаде дека сето ова е во период додека чекаат договорот да дојде за ратификација во Парламентот, за да видат какво мнозинство ќе има и “дали Каменос ќе си замине преку врата или преку прозор”.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар