MKDNews.com

Луис Хамилтон победник во Абу Даби во Формула 1

Луис Хамилтон победник во Абу Даби во Формула 1
ноември 26
06:51 2018

Старо новиот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон со спектакуларна победа на трката за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати  на импресивен начин ја затвори рекордната сезона во Ф1.

Британскиот пилот од тимот на Мерцедес  на патеката Јас марина во Абу Даби ја запиша 73 победа во кариерата, што воедно е неговиот 11-ти успех во актуелната сезона.

Хамилтон денеска ја потврди петата титула во Формула 1 првенството со која се изедначи со легендарниот Хуан Мануел Фанџо според бројот на освоени  шампионски трофеи. Пред нив двајца сега е само легендарниот Михаел Шумахер.

На победничкиот подиум по трката во Абу Даби се искачија и  освојувачот на втората позиција, Германецот од Ферари Себастија фетел и одличниот Макс Верстапен.

Меѓу првите десет на целта влегоа и Рикардо, Ботас, Саиц, Леклер, Перес, Грожан и Магнусен.

Трката во Емиратите  беше исклучително интересна посебно во првиот дел и малку досадна во втората етапа.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар