За новиот број на списанието InStyle, ЏејЛо откри и како ја одржува фигурата и изгледа речиси исто како пред 18 години , кога во култниот зелен фустан на Версаче го запали црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми. ,, Не конзумирам кофеин, не пијам алкохол и многу спијам. Се грижев за себе и тоа сега се гледа.” , изјави Лопез во интервјуто.

Сепак признава дека годините и влијаат на кондицијата , така што има болки во грбот , а и нозете ја болет ако танцува премногу.

Таа вели и дека социјалните мрежи се многу подобри отколку трачерските магазини , кои во некои фази на нејзината кариера ја следеле во чекор и објавувале невистини.

За своите врски вели дека и е многу полесно што е во врска со бејзбол играчот Алекс Родригез , отколку во брак со актерот Бен Афлек.