MKDNews.com

Девојче паданало во Вардар

Девојче паданало во Вардар
ноември 06
08:31 2018

Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари започнаа потрага по девојче кое паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во блзиина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи го пребаруваат теренот по течението на Вардар до селото Балиндол.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на девојчето, а во меѓувреме од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар