MKDNews.com

Српската полиција ги уапси четворицата Срби, кои брутално претепаа двајца Албанци

Српската полиција ги уапси четворицата Срби, кои брутално претепаа двајца Албанци
октомври 09
19:40 2018

Српската полиција уапси четири лица , за кои има основани сомневања дека брутално претепале двајца Албанци во Нови Сад.

Полицијата соопштува дека нападот не бил мотивиран од национална нетрпеливост.

Двете момчиња од албанска националност беа брутално претепани ноќта меѓу саботата и неделата , од кои едниот се наоѓа во животноз агрозувачка состојба со скршен череп.

Полицијата ги уапси напаѓачите на возраст од 19 до 24 години , за кои се сомневаат дека околу три часот наутро му нанеле тешки повреди на 19 годишник од Призрен , а полесни повреди на 23 – годишник од Нови Сад.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ тврди дека нападот немал националистичка позадина , откако било разговарано со тепачите , како и со еден од тепаните момчиња.

Инцидентот вчера го осуди и српскиот претседател Александар Вучиќ , кој вети целосна истрага за случајот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар