MKDNews.com

Протест во Аеродром против градење повеќекатница-градоначалникот не може да ја сопре изградбата

Протест во Аеродром против градење повеќекатница-градоначалникот не може да ја сопре изградбата
октомври 09
20:24 2018

Жители на општина Аеродром попладнево се собраа пред паркот кај Мајчин дом и го блокираа булеварот Јане Сандански, во знак на протест против изградбата на деветкатница.

Насобраните граѓани бараат да не се гради деветкатницата и велат дека се изреволтирани од предизборните ветувања на градоначалникот Златко Марин. Тие извикуваа „нема правда, нема мир“, а на полицијата и викаа „кого штитите“.

Од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“, бараат оставка од градоначалникот Марин, посочувајќи дека никој не се грижи за здравјето на децата.

Дел од граѓаните гневот го истурија и врз тарабите околу градилиштето., извикувајќи слогани: „Криминалци, надвор од Аеродром“.

Градоначалникот Златко Марин, денеска на прес-конференција, рече дека не може да ги сопре градежните работи и ги повика граѓаните слободно да протестираат и искажат својот став.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести