MKDNews.com

Откриена првата месечина надвор од Сончевиот систем

Откриена првата месечина надвор од Сончевиот систем
октомври 05
06:51 2018

Астрономите најверојатно ја открија првата месечина надвор од Сончевиот систем , претставен како голем гасовите објект со големина на Нептун .

Оваа месечина се разликува од било која друга претходно и кружи околу планета од гас , со големина десет пати поголема од Јупитер. Оваа ,,егзомесечина” не личи на ништо досега познато во вселената , велат научниците. Оваа месечина се разликува во целост од досега познатите 180 месечини во Сончевиот систем.

Вселенскиот телескоп ,,Кеплeр” на агенцијата НАСА го забележа ова небеско тело , за потоа да биде набљудувано од телескопот ,,Хабл” . Резултатите од набљудувањњето во научното списание Science Advances  ги објавија професорот Дејвид Кипинг и асистентот Алекс Тичеј од Универзитетот Колумбија.

До денес научниците откриле околу 3 500 егзопланети , а станува збор за планети кои се во орбитата на други ѕвезди, кои не се нашето Сонце. Научниците беа во потрага по егзомесечина , тела кои се вртат околу егзопланетите.

Месечините во Сончевиот систем се карпести или од мраз , додека новооткриената егзомесечина е составена од гасови.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести