MKDNews.com

Nintendo планира нова верзија на Switch за 2019 година

Nintendo планира нова верзија на Switch за 2019 година
октомври 05
06:12 2018

Jапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Свич, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави „Волстрит џурнал“.

Продажбата на Свич, која беше претставена во март 2017 година, се уште е голема, но веќе не носи големи профити како во првата година од промоцијата на уредот на пазарот.

Ажурирање на Свуч сугерира дека компанијата дејствува брзо за да осигури дека нејзиниот уред нема да ја изгуби својата конкурентност.

Нинтендо се уште дебатира за тоа што ќе вклучуваат новите хардверски и софтверски функции и како тоа ќе влијае на цената.

Една од опциите е да се подобри екранот. Тековниот Свич користи ЛЦД екран од ниска класа, без одредени технологии, кои се стандардни за последните ЛЦД дисплеи на паметни телефони.

Подобрувањето на дисплејот со овие технологии ќе го направи полесен, потенок и енергетски поефикасен. Сепак, уредот не се очекува да пристигне со ОЛЕД панел, кој се користи во серијата на Епл Ајфон Икс.

Нинтендо планира да ја пушти новата конзола во продажба во втората половина од 2019 година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар