MKDNews.com

Милан Поповиќ за голите фотографии на Северина: Не сум изненаден, но ме загрижува нашиот син кој сега тргна на училиште

Милан Поповиќ за голите фотографии на Северина: Не сум изненаден, но ме загрижува нашиот син кој сега тргна на училиште
октомври 04
06:42 2018

Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на познатата рватска пејачка, Северина, и татко на нивниот малолетен син Александар, вели дека не е изненаден што по трети пат фотографии од голата пејачка и се достапни на јавноста.

– Не бев во шок. Зачудувачки е како некој кој веќе имал лошо искуство со приватни фотографии кои се појавиле во јавност повторно дозволува да биде неодговорен кон себе и да му се повтори истото сценарио. Пред сѐ како родител на дете кое неодамна тргна во училиште. Повторно прави фотографии за кои знае дека може да стигнат до јавност и да му наштетат на детето – вели Поповиќ за Блиц.

Тој додава дека синот Александар не може да го заштити од целата ситуација.

-Се консултирав со детски психолог за да знам како да реагирам и да го заштитам нашиот син доколку биде загрозен – вели Милан.

Претходно менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ, изјави дека станува збор за одмазда на нејзиниот бивши партнер.
Поповиќ на ова одговори:

„Северина имаше различни партнери во минатото со кои има нерасчистени односи. На кој конкретно партнер мислел Петровиќ кога изјавил дека ова е одмазда на нејзиниот бивши партнер? За кои загубени судски процеси станува збор? Против Томислав Петровиќ веќе се водат две казнени дела за клевета, токму поради изјавите дека наводно сум ги загубил судските постапки што се водат со Северина. Фотографиите што се објавени се веројатно од истата серија настаната во 2014 година, кога Северина и јас бевме во екот на борбата за старателство над нашиот син и имавме прекин во комуникацијата, така што јас и не можев да ги имам фотографиите. Себеси се сметам за исклучително совесен родител и за последна личност што би пласирала фотографии на кои мајката на мојот син е гола во компромитирачки пози и за кои сметам дека дополнително ќе го посрамотат и ќе го вознемират нашиот син, кој тргна на училиште. Јас не можам, а и никој друг не може да го заштити од потсмевот на другите деца. Оваа ситуација ја сметам за исклучително неодговорно и непромислено однесување на мајка му, и тоа вторпат во нејзиниот живот. Не знам дали ги пласирала таа за да ја врати поранешната популарност или тоа го направил некој друг, но загрижен сум бидејќи ова ќе му нанесе голема штета и срам на мојот син кога еден ден некој ќе му ги покаже“.

 

Нови порно фотки на Северина (Фoто+18)

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар