MKDNews.com

Апелација потврди – две години затвор за Груевски

Апелација потврди – две години затвор за Груевски
октомври 06
05:59 2018

Две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот мерцедес, потврди и Апелација.

Жалбата делумно е усвоена за поранешниот заменик министер за внатрешни Ѓоко Поповски и затворската казна му е намалена за две години.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на  казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди. Жалбите на обвинетиот Н.Г. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.

Апелација има рок од 60 дена за да ја изготви одлуката. Како што појаснија од Кривичен потоа преку АКМИС системот, ќе се достави кај судија за извршување санкции, кој ќе треба да му испрати на екс премиерот Груевски и екс заменикот министер Поповски упатен акт кога да се јават во затвор.

Груевски одлуката на Апелација ја слушна на судското рочиште за предметот Титаник.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар