MKDNews.com

Ураганот Флоренс ја погоди Северна Каролина

Ураганот Флоренс ја погоди Северна Каролина
септември 14
07:47 2018

Американската сојузна држава Северна Каролина е погодена од силни ветрови и дождови предизвикани од ураганот Флоренс, кој беснее над Атланскиот океан. Најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби.

,,Целосно сме подготвени за ураганот Флоренс , додека бурата се засилува. Бидете внимателни. “ , предупреди преку Твитер претседателот Доналд Трамп.

Флорен во 17 часот по средноевропско време беше на 230 километри оддалечена од Вилмингтон , Северна Каролина , каде ветровите достигнуваа и до 165 километри на час. Ураганот го забави своето движење кон копното што ќе предизвикува поголеми и подолготрајни врнежи од дожд.

Окото на ураганот ќе стигне на копно во петок навечер или во сабота наутро , но силниот дожд и ветрот веќе почнаа.  Флоренс им се заканува не само на милионите жители покрај брегот , туку и во внатрешноста со тоа што ќе го подигне нивото на океанот за 4 метри плус метар дожд за квадрат.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар