MKDNews.com

Шеесет и две годишен маж од Охрид осомничен за убиството во Велгошти

Шеесет и две годишен маж од Охрид осомничен за убиството во Велгошти
септември 03
06:28 2018

Министерството за внатрешни работи информира дека го расчистило убиството извршено врз Благуна Петкоска (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, а на осомничениот Исамедин Камберов (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.К. (62) кој живее во Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29.08 до 31.08. 2018 година во куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, сопственост нa Благуна Петкоска .(47) од Охрид, со постојано место на живеење во селото Велгошти.

По преземени мерки и актовности, на 31.08.2018 година во 21 часот, И.К. е пронајден во куќа во Струга и лишен
од слобода, а од стана на судот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар