MKDNews.com

Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо

Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо
септември 04
06:59 2018

Пристигнува новиот телевизор на компанијата „Самсунг електорникс“, а тоа е „QLED“ кој има 8к резолуција и секоја секунда која ја гледате на екранот е толку реална што имате чувство дека сето тоа се случува во реален живот. Овој новитет на „Самсунг“ беше претставен на годинешниот Саем за потрошувачка електроника „ИФА“ во Берлин.

Екипа на „Независен весник“ од лице место ги тестираше продуктите кои Самсунг ги прикажа како дел од своите последни иновации.

„QLED 8K“ моделот на Самсунг, со “8K AI“ зголемување на резолуцијата, е дел од долгорочната визија на Компанијата за воведување на 8К резолуција како единствена на пазарот која нуди најпрецизна и најточна слика на екранот.

Според Милан Вујовиќ, првиот човек на „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион, во кој се наоѓа и Македонија претставена е унапредено хардверско-софтверск решение со употреба на вештачка интелигенција.

-Револуционерната работа која ја презентиравме на ИФА Берлин е тоа како ја гледаме иднината преку употреба на телевизорот. „QLED“ телевизорот на својот екран сликата или содржината ја претвора во 8к резолуција. Тоа значи дека HD содржината или 4К содржината кој влегува како извор на самиот телевизор ќе биде претворен во 8К содржина што досега се користеше само во големите филмски студија. На овој начин покажуваме како ние како компанија преку употребата на вештачката интелигенција работиме на подорбување на содржината која се емитува, но не само на сликата туку и на тонот – вели Вујовиќ.

Во моментов нематочен податок кога ќе биде пласиран производот на пазаротво Југоисточна Европа, односно и во Македонија, но од „Самсунг“ очекуваат тоа да се случи до крајот на годинава.

-Освен тоа што го видовме како совршена слика и тон, ние понудивме и технички решенија кои се однесуваат на телевизорот кога тој е изгасен. Нема повеќе да биде само обична црна кутија која стои на ѕидот, туку тоа е уред кој ќе има содржина и во моментот кога не работи. Тоа може да биде некоја ваша фотографија, уметничка слика или да ја емитува истата позадина на која е поставен. На овој начин покажуваме како ние ја гледаме иднината кога се во прашање телевизорите-вели Вујовиќ.

Со ова уникатно решение им с еостава простор на луѓето да бидат покреативни и како што вели Вујовиќ, сега се нуди можност омиленото уметничко дело да го имате и на самиот телевизор кој е поставен на ѕидот во домот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар