MKDNews.com

Претседателски кандидат прободен со нож среде митинг

Претседателски кандидат прободен со нож среде митинг
септември 07
08:37 2018

Претседателскиот кандидат Џаир Болсонаро , кој има најголеми шанси на претседателските избори во Бразил , е прободен со нож среде митинг.

Болсонаро е прободен со нож на митинг на југоистокот на земјата . Неверојатниот напад е забележан од камера , па полицијата веднаш го уапсила сторителот. Бразилскиот политичар веднаш бил однесен во болница , каде е задржан со повреда во пределот на стомакот .

На видеото се гледа како групата го поздравува политичарот , кога наеднаш од масата излегува рака што му забива нож во стомакот.

Diario de Pernambuco

@DiarioPE

Jair Bolsonaro é esfaqueado durante ato de campanha em Juiz de Fora. O candidato já foi levado ao hospital e as informações são de que o corte teria sido superficial. Mais informações em instante.

Според денешните анкети , Болсонаро , кој е кандидат на крајната десница , убедливо води на анкетите за претседателски избори , што ќе се одржат на 7 октомври.

Болсонаро е познат во јавноста како политичар кој имал расистички испади, хомофобни ставови и изјави против жените .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар