MKDNews.com

Постарата ќерка е можен сторител на трикратното убиство во Дебар

Постарата ќерка е можен сторител на трикратното убиство во Дебар
септември 03
08:20 2018

Повеќе медиуми на албански јазик, меѓу кои и порталот Zhurnal.mk , известуваат дека можен убиец на тричленото семејство Поцеста, мајката, таткото и помалата 13 годишна сестра, е нивната ќерка и сестра 25 годишната Б.П.

Според оваа новинска агенција, семејството погубено во Дебар,  има уште една постара ќерка која исто така  живее во Италија.

Според неофицијални сознанија од извори на истрагата,25 годишната  Б.П откако го извршила тројното убиство, веднаш заминала за Италија. По неколку  дена роднините и јавиле за трагичната судбина на нејзините најблиски и таа се вратила во Дебар.

Новинската агенција Журнал неофицијално дознава дека за овој грозоморен чин ѝ помогнале уште две лица, едното од Гостивар , а другото од Дебар.

Тие исто така претходно ѝ помогнале на М. П. по убиството да отпатува во Италија.

Трите осомничени лица , меѓу кои и постарата ќерка во семејството Поцеста, според неофицијални информации, се наоѓаат во притвор.

 

Tројното убиство го потресе Дебар

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар