MKDNews.com

Поместувањето на времето да престане во 2019

Поместувањето на времето да престане во 2019
септември 12
18:33 2018

Европската Комисија предложи да се укине летното и зимското сметање на времето во 2019.

Денеска Европската Комисија предложи да престане менуцвањето на времето два пати во годината во 2019 , а на земјите членки да им се даде слобода самите да решат дали трајно ќе го применуваат летното или зимското време.

Како што се наведува во соопштението на ЕК, со тоа се води сметка промената на времето меѓу соседните земји да се прави на координиран начин со што би се овозможило правилно функционирање на внатерешните системи и да се избегне поделеноста до која би дошло доколку некои од земјите членки би го задржале менувањето на времето , а другите не би го менувале часовникот.

Минатиот месец беше завршена најголемата анкета меѓу граѓаните во сите 28 земји членки на Унијата во која над 80 проценти од анкетираните бараат да нема веќе менување на времето .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар