Најскапите чевли на светот познати под името ,,Страстен дијамант” денеска ќе се најдат во продажба , а нивната цена е неверојатни 13 милиони фунти.

Светкавите стилето штикли се направени од злато и дијаманти , а материјалот од кои се изработени е специјално дизајниран за нив.

,,Сакавме да направиме навистина уникатни чевли и успеавме.”, изјави Марија Маџари , коосновач на компанијата ,,Џада Дубаи” од Емиратите , која во овој потфат соработуваше со Passion Jewellery.