MKDNews.com

Могерини: На 30-ти септември немојте да молчите, клучевите се кај вас

Могерини: На 30-ти септември немојте да молчите, клучевите се кај вас
септември 13
18:50 2018

На 30-ти септември кога ќе излезете на гласање, запамтете дека вие го имате клучот за вашата иднина. Немојте да молчите, клучевите се кај вас и немојте да ја пропуштите ова можност, бидејќи се работи за вашата иднина, порача шефицата на европска дипломатија Федерика Могерини по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Старата чаршија.

Таа додаде дека граѓаните мора да бидат сигурни дека на 1 октомври направиле избор за својата иднина, односно дека одлучиле за иднината насвоите деца.

Могерини во Скопје дојде заедно со премиерот Зоран Заев.

Високата претставничка истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија и дека само со заедништво и посветеност може да се постигне многу за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот.

На новинарско прашање за ставот на опозицијата за референдумот, Могерини рече дека нема да се меша во домашната политика на земјата, но уште еднаш ги повика сите да излезат на гласање и да го искористат како што рече историскиот момент.

Според Могерини земјата направила значителен прогрес.

– Македонија има огромни резултати кои беа незамисливи пред една ипол година, па поради тоа отворен е патот во следниот јуни да се отворат предпристапни преговори со ЕУ – рече Могерини.

За премиерот Заев, перспективата за влез во европското семејство била силна мотивација да се заврши домашната работа и да се затвори спорот со Грција.  Денешниот настан и посетата на Могерини, како што рече, е уште еден знак на силна поддршка на ЕУ за нашата држава и нашиот народ.

– Сега ние, граѓаните на РМ, треба да покажеме заедништво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември, да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина. За нас перспективата за членство во ЕУ е движечки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат. Разлики постоеле и ќе постојат. Ние ќе ги почитуваме, но нема простор за неодговорност, кога треба сите заедно да одлучиме за иднината на нашата земја и за идните генерации – рече Заев.

За време на денешната посета на Македонија, попладнево се очекува Могерини да се сретне и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести