Очекувано, повторно на врвот на оваа листа за 2018 година е убавата Кејт Аптон.

Нејзините фотографии ги одбележаа страниците на летниот број на магазинот.

Жирито на магазинот кое ја направи листата на 100 најатрактивни жени на светот во своето образложение на одлуката соопшти:

„Никој така не ги преставува САД како годинешната победничка. Како и нејзиниот идол Мерлин Монро, Кејт е русокоса со провокативни облини, која не разоружува со својата неодолива насмевка, но и не импресионира со своето однесување во јавноста и со вредната работа“.

Инаку, Кејт  веќе неколку пати е бирана за најсексапилната жена ан светот, посебно се истакна во категоријата „природни облини“.

Убавата и атрактивна Кејт и нејзиниот сопруг Џастин Верландер , инаку го очекуваат нивното прво дете.