MKDNews.com

Гугл наполни 20 години

Гугл наполни 20 години
септември 05
06:26 2018

На 4 септември 1998 година се роди компанијата Гугл чие име секогаш се поврзува со експлозивниот раст на популарноста на Интернетот и начинот на кој глобалната мрежа ги промени нашите животи.

По скромниот почеток во Стенфорд, компанијата стана еден од најголемите успеси на Интернет, но веќе се соочува со многу предизвици како што се зголемувањето на конкуренцијата, загриженоста за приватноста на корисниците и прекумерното потпирање на приходите од реклами.

Се започнува со случајна средба. Студентот од универзитетот во Мичиген Лари Пејџ одлучи да го посети Универзитетот Стенфорд за да провери дали ќе биде примен во престижната школа. Неговиот водич во кампусот на универзитетот е Сергеј Брин, кој во тоа време се обучува во одделот за компјутерски науки. Тие спорат и имаат различни мислења за речиси се, а една година подоцна, додека работат во студентскиот дом, создаваат пребарувач наречен „BackRub“, кој покажува резултати од Интернет сортирани по релевантност.

Потоа пребарувачот е преименуван во „Google“, збор кој доаѓа од терминот googol (математички број, еднаков на 1 со 100 нули). Наскоро Гугл го привлече вниманието на инвеститорите од Силиконската долина кои ја финансираа иницијативата, и така на 4 септември 1998 година, е родена компанијата Гугл.

Сергеј Брин и Лари Пејџ потоа се преселуваат во нивната прва канцеларија – гаражата на Сузан Вохџиски, која сега е извршен директор на Јутјуб. Инаку на почетокот на овој месец, Гугл постигна уште еден јубилеј – прелистувачот Хром наполни 10 години.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар