Се појавија и теории за намерна саботажа на леталото од некој космонаут кој можеби сака порано да се врати дома.

Додека не била забележана пукнатината , космонаутите изгубиле воздух доволен за 18 дена престој во Вселенаската станица. Руската вселенска агенција Роскосмос поведе истрага за случајот и за сега сметаат дека пукнатината можеби постоела на леталото уште кога било на Земјата.

Во НАСА не даваат изјави и ги упатуваат прашањата кон Русија.