Договорот за купопродажба е објавен денеска откако Мајкл Корс , познат по производство на женски чанти , лани за 1,35 милијарди ја купи компанијата на производителот на чевли ,,Џими Чу”.

Мајкл Корс холдингот со ваквите преземања сака да ја зајакне својата позиција во модната индустрија, наведуваат американските медиуми. Оваа одлука ги изненади фановите на модната куќа ,,Версаче” , уште повеќе затоа што пред само четири дена Донатела ја претстави во Милано најновата колекција на оваа италијанска модна куќа.

Критичарите се согласуваат дека со преземањето од страна на американската компанија , би можела да замре модниот бренд ,,Версаче” , чија женска чанта во просек чини 2 000 долари , додека чантите на Мајкл Корс може да се набават и за 100 долари. На социјалните мрежи денеска не престануваат лутите коментари , во кои фановите на ,,Версаче “ го изразуваат своето негодување од преземањето и угинувањето ан еден од најпознатите светски брендови.

Според договорот , Донатела Версаче и натаму ќе биде креативен директор на брендот , додека компанијата на Мајкл Корс ќе го смени името во ,,Капри Холдингс”.

Модната куќа ,,Версаче” постои од 1978 година , а ја основаше Џани Версаче , кој беше убиен пред својата вила на 15 јули 1997 година , од кога со компанијата раководи енговата сестра, Донатела.

Моделите на ,,Версаче” се синоним за луксуз и елеганција , а ги носеле најубавите и најпознати жени на светот како Анџелина Џоли, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Ема Робертс, Ева Лонгрија, Гвинет Палтроу, Хали Бери и многу други.