MKDNews.com

ДОМ организира акција за чистење на дива депонија

ДОМ организира акција за чистење на дива депонија
септември 14
18:24 2018

 

Во сабота, на 15 Септември, на Светскиот ден на чистењето отпад, ДОМ ќе се вклучи во кампањата за чистење во која учествуваат сите зелени партии во Европа.  

По тој повод, ДОМ организира акција за чистење на дивата депонија зад маркетот Супер Тинекс, на улица Борис Трајковски во општина Кисела Вода, со почеток во 10 часот. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се приклучат во акцијата и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

Целта е да се подигне еколошката свест, да се купуваат што помалку пластични производи за еднократна употреба, отпадот да се селектира и рециклира и да се одложува исклучиво на местата одредени за таа намена.   

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести