MKDNews.com

Cтудентка од Лас Вегас тврди дека Кристијано Роналдо анално ја силувал

Cтудентка од Лас Вегас тврди дека Кристијано Роналдо анално ја силувал
септември 28
19:48 2018

Кетрин Мајорга, 34-годишна студентка од Лас Вегас, тврди дека Кристијано Роналдо анално ја силувал во 2009 година.

Мајорга тврди дека силувањето се случило на 12-ти јуни 2009 година во хотелскиот апартман на Роналдо во Лас Вегас и дека фудбалерот ја присилил на анален секс, пишува германскиот “Der Spiegel”.

Студентката девет години молчела за својата средба со Роналдо, бидејќи тој ѝ платил околу 375 илјади долари во вонсудска спогодба до која дошло откако таа ја повикала полицијата и откако било утврдено дека е силувана. Адвокатите на Кристијано ѝ понудиле пари во замена за молчење, што таа го прифатила, но сега одлучила да проговори за целата ситуација бидејќи, како што тврди таа, има тешки психички последици од силувањето. Нејзините адвокати сакаат да ја прогласат спогодбата за неважечка и Роналдо да одговара пред законот.

Мајорга тврди дека Роналдо го запознала во ВИП делот во еден ноќен клуб во Лас Вегас откако ѝ пришол и ѝ понудил пијалак. Таа му го дала својот телефонски број, а подоцна заедно со нејзината пријателка се нашле со фудбалерот во предворјето на хотелот “Palms”. Тројцата заедно отишле во неговиот апартман, а Кетрин тргнала да се пресоблече во бањата по што Роналдо тргнал по неа.

“Воглавно ме тераше да го допрам неговиот пенис, а кога го одбив тоа, ме замоли да му дадам орален секс. Каков идиот! Се смеев бидејќи мислев дека станува збор за шега. Кој би очекувал тип кој е толку познат и толку згоден да биде лудак и перверзник”, изјавила студентката. Но, Роналдо не се откажал од намерите.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести