MKDNews.com

Абрамович ќе го продава Челзи за три милијарди фунти

Абрамович ќе го продава Челзи за три милијарди фунти
септември 25
19:49 2018

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович размислува за продажба на клубот за износ не помал од три милијарди фунти, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите.

Претходно беше објавено дека Абрамович го отфрли предлогот на најбогатиот Британец Џим Ратклиф кој за клубот нудеше две милијарди фунти.

Според „Блумберг“, руски бизнисмен го продава Челзи поради желбата да се заштитат средствата од можни американски санкции.

Во текот на летото „Сандеј Тајмс“ објави дека Абрамович ангажирал инвестициона банка за да размисли за продажба на Челзи. Тогаш клубот ги негираше информациите.

Во 2003 година, Абрамович го купи Челзи за 140 милиони фунти. Од неговото доаѓање на „Стемфорд Бриџ“ клубот освои 17 трофеи меѓу нив се и пет шампионски титули во Премиер лигата и по еден од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Претходно во 98-годишната историја „сините“ од Лондон имаа само девет трофеи.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести