Докторот , познат во целиот свет по реконструкција на женските задници е обвинет заедно со неговата мајка. Мајката се товари зашто во нејзиниот дом и дал смртоносна инекција на банкарката од која починала по неколку часа.

Пластичниот хирург , 45 годишниот Денис Фуртадо е уапсен во станот на мајка му во местото Бара де Тихуака во Бразил, каде го извршил зафатот. Жртвата е 46 годишната банкарка Лилиан Каликсто. Обвинети се и неговата девојка  и куќната помошничка.

Во обвинението се наведува дека докторот во присуство на други три жени , на пациентката во задникот и вбризгал инекција со 300 мл . метилметакрилат , синтетичка смола , позната и како акрилно стакло , и тоа далеку повеќе од дозволената доза.

Докоторот на социјалните мрежи објавил видео во кое тврди дека не е виновен.