MKDNews.com

Свештеник е осуден на 114 години затвор за живот ,,на висока нога”

Свештеник е осуден на 114 години затвор за живот ,,на висока нога”
август 10
07:50 2018

Поранешниот будистички свештеник од Тајланд Вирапол Сукпол е осуден денеска на 114 години затвор пради перење пари , измами и финансиски криминал.

Свештеникот живеел толку неморално што имал односи со девојка помлада од 15 години , која останала бремена од него. Тој се вратил на Тајланд во јули минатата година , кога бил екстрадиран од САД.

Тој е исфрлен во 2013 од свештенството , кога на Јутјуб се појавило видео со свештеници облечени во традиционална портокалова облека како седат на бели кожни седишта во авион и си подаваат луксузни предмети . Вирапол бил во преден план на видеото.

Со истрагата на тајландскиот оддел за специјални истраги било утврдено дека свештеникот на различни банкарски сметки има 200 милиони тајландски бати (околу 6 милиони американски долари) , како и дека купил 22 Мерцедеси.

Тој изградил луксузна вила на југот на Калифорнија, како и огромна куќа во својот роден град на Тајланд , а таму направил и голема статуа на златен Буда , з акоја се фалел дека има девет тони злато.

Откако со ДНК тест било утврдено дека една 15 годишна девојка затруднела од него , Вирапол избегал во САД. На тајландските власти им биле потребни четири години за да дојде до екстрадицијата .

Судот во Банкок денеска го прогласи за виновен и му одреди казна затвор од 114 години . Но , Вирапол ќер отслужи само 20 години , колку што изнесува максималната затворска казна доколку некој е прогласен за виновен по неколку точки од обвинението за исто кривично дело .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар