MKDNews.com

Што не треба да пиете кога сте дехидрирани

Што не треба да пиете кога сте дехидрирани
август 21
07:59 2018

Во текот на летото лесно доаѓа до дехидрација, особено овој жежок август, кога температурите во светот соборуваат рекорди. Поради тоа, важно е во организмот да се внесува доволно количество течност, за да може телото да се избори со високите температури. Меѓутоа, повеќето од нас грешат кога се обидуваат да ја спречат дехидрацијата пиејќи погрешни напивки.

Еве што треба да избегнувате:

Спортски пијалаци

Без оглед на тоа дали трчате или не, спортските пијалаци може да изгледаат привлечно кога сте изложени на сонце. Меѓутоа, треба да имате предвид оти ваквите напивки се наменети за спортистите, кои губат електролити, како натриум и калиум, поради напорните и долготрајни физички активности. Доколку ги пијат просечни лица, тоа значи внесување на 100 калории, на вештачки засладувачи и јаглехидрати.

Тетрапак-сокови

Ако мислите дека правите добар избор со земање тетрапак-сок наместо газирана напивка, се лажете. Тие се штетни и имаат занемарлива хранлива вредност. Содржат големо количество шеќер и конзерванси и не можат да се сметаат за здрави. Тоа важи и за соковите со парчиња овошје.

Витаминска вода

Витаминската вода е нездрава и непотребна. Точно, водата е неопходна за организмот, но ако пиете витаминска, може да претерате, особено ако вашата исхрана содржи доволно витамини. Исто така, во неа има шеќер, чие количество некогаш е еднакво на она во соковите.

Леден чај

Ледениот чај е вкусен пијалак, особено во летните денови. Сепак, треба да се знае дека чаевите во шишиња содржат шеќер, дури и оние диеталните, односно синтетички засладувачи.
Експертите признаваат дека, сепак, ледениот чај, е најдобра опција од сите горенаведени, бидејќи е богат со антиоксиданти и го намалува ризикот од неколку болести.
Алтернатива за овие напивки можете да си направите дома и така ефикасно и здраво да се справувате со дехидрацијата. Најдобро е во студена вода да додадете лимон, босилек, праска, краставици или камилица.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести