MKDNews.com

„Република“ го доби судскиот спор за комплексот „Цареви кули“

„Република“ го доби судскиот спор за комплексот „Цареви кули“
август 30
18:37 2018

Судската одлука е во корист на „Република“, со што се потврди дека медиумот не наклеветил никого неосновано. Документите и фотографиите кои ги објавивме покажуваат дека хотелскиот комплекс е легализиран незаконски. Второстепениот суд ја потврди пресудата на првостепениот, Основниот суд Скопје 2, и ја отфрли жалбата на тужителите Коце Ристовски и Ванѓа Ристовска како неоснована, пишува Република.

„Цареви кули“ е дивоградба легализирана на криминален начин со потпис на Зоран Заев, во тоа време, 2013 година, градоначалник на општина Струмица. Текстовите за оваа криминална афера објавени во неделникот „Република“ во 2016 година не се предмет на „навреда и клевета“, како што сакаше да се прикаже, туку текст поткрепен со документи, којшто ја запознава јавноста со начинот на којшто работи општината, пресекоа и судиите на Основен суд и од Апелациониот суд.

„Цареви кули“ е криминал на општината за која јавноста треба да знае

Легализацијата на „Цареви кули“, угостителско-хотелскиот комплекс над Струмица, со потпис на Зоран Заев како градоначалник, е нелегален чин. Комплексот „Цареви кули“ е граден на државно земјиште по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој стапи на сила на 1 март 2011 година. И Првостепениот суд и Апелацискиот суд ги одбија поднесоците дека се работи за навреда и клевета, со што судот ги потврди наводите на „Република“, пишувани во повеќе наврати во неделникот „Република“, во кои, врз основа на докази, е покажано дека се работи за класичен криминал и корупција во општина Струмица, раководена во тоа време од Зоран Заев како градоначалник.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар