MKDNews.com

Политичар збеснал поради сметка од кафуле во Венеција

Политичар збеснал поради сметка од кафуле во Венеција
август 09
07:56 2018

Политичарот Хуан Карлос Бустаманта побеснел од сметаката за кафе во Венеција.

Чилеанскиот политичар бил шокиран кога требало да плати за еспресо и вода во кафуле во Венеција. Задоволството го чинело 43 евра , колку што била сметката за две кафиња и две чаши вода. Политичарот не можел да се воздржи , па фискалната сметка и своето изненадување ги објавил на фејсбук .

Од кафулето ,,Лавена”  за медиумите објасниле дека на муштериите им наплатуваат повеќе ,доколку седат надвор на терасата и тоа цело време им го повторуваат , но тие не слушаат. Велат дека истото кафе внатре чини 1,25 евра.

Како што велат од кафулето , политичарот не е единствен со слична реакција . Пред извесно време на семејство м у било наплатено 78 евра за пет пијалоци , вклучително и чаша млеко за тригодишно дете , чија цена била 9 евра.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар